Select Page

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, објавен е новиот број на периодиката „Соборност“ (бр. 37-39). Изданието излегува од печат во време кога канонската Црква во Р. Македонија, Православната Охридска Архиепископија, претрпува нов државен прогон на верска основа: Архиепископот охридски г.г. Јован се наоѓа во затвор по седми пат и осуден е на уште три години затвор; Епископи, свештеници, монаси и верен народ се осудени на условна затворска казна, а имотот којшто во политички монтираниот процес судските органи го поврзаа со Православната Охридска Архиепископија е конфискуван.
Во овој број на периодиката, кој излегува во јубилејната 1700 година од донесувањето на Миланскиот Едикт со кој беше уредено секој да има целосна слобода да ја следи онаа вера којашто претпочита, дел од содржините се: изворниот текст на Миланскиот Едикт, заедно со преводот на современ македонски јазик, студијата на Архиепископот охридски г.г. Јован насловена „Бесмислата на расколот“, којашто во продолжение ја пренесуваме во целост, текстовите: „Евхаристијата и Црквата“ на Епископот пожаревачко-браничевски г. Игнатиј, „Слово до папата Евгениј IV“ на светиот Марко Ефески, „Богооставеноста според Старец Софрониј“ на Архимандритот Ефрем Ватопедски и други.
Редовна содржина на периодиката се настаните кои го обележаа изминатиот период од издавањето на претходниот број, како и илустрираниот подлисток „Соборко“ наменет за најмладите.
Целата содржина на овој број на „Соборност“ може да се види на следната адреса:
Соборност бр. 37-39.
Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован Бесмислата на расколот

Извор: Охридска архиепископија


Warning: Undefined array key "query" in /home/mitropol/public_html/wp-content/plugins/istaknutivideo/istaknutivideo.php on line 22

Warning: Undefined array key "v" in /home/mitropol/public_html/wp-content/plugins/istaknutivideo/istaknutivideo.php on line 24

Pin It on Pinterest

Share This