Споменот на светиот Николај Мирликијскиот Чудотворец, празник којшто е распространет ширум Христијанството, денес беше прославен и во параклисот, којшто е посветен на овој истакнат отец на Црквата, во катедрата на брегалничката Епископија, во градот Штип.
На светата Архиерејска Литургија, началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, во сослужение на клирици од Епископијата. После прочитаното Евангелие, Епископот г. Марко, со пригодно слово, говореше за значењето на денешниот празник.
После завршувањето, пак, на светата Литургија, беше приреден прием на кој Епископот г. Марко ги прими честитките за славата на Епископијата и на кој за присутните верници беше послужена трпеза.
Извор: Охридска архиепископија



















